Дома Фудбал Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе го оддалечи од следниот натпревар на Бразил против Шкотска на Светското првенство, кое се одржува среда, 24 јуни. Вака тврди Вампета, поранешен фудбалер и светски шампион со Бразил во 2002 година. Денешниот спортски коментатор, во едно интервју зборува дека напаѓачот на Барселона има сериозни финансиски и семејни проблеми и се надева на трансфер во саудискиот Ал-Хилал, пишува Extra Globo.

“Рафиња има сериозни семејни, но и финансиски незгоди. Очајно се надева на преселба во Ал-Хилал, толку е во неволја”, сподели Вампета како гостин во подкастот “Red Cast”. Поранешниот фудбалер продолжи да ги разоткрива детали кои наводно ги слушнал меѓу луѓето блиски до Рафиња во Барселона. “Проблемите се семејни, а ова го слушнав од луѓе кои се блиску до него. Неговата надеж е во одењето во Ал-Хилал за да ја промени ситуацијата.”

Овие информации ги изненадија интернет корисниците, а навивачите ги оставија збунети, особено затоа што Рафиња заработува годишна плата од околу 13 милиони евра, што го прави третиот најплатен играч во тимот со кој неодамна го продолжи договорот до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…