
Репрезентациите на Уругвај и Зелено’ртски Острови одиграа нерешено 2:2 во натпреварот од второто коло на Групата Х на Светското првенство, кое се одржа во Мајами.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа беше многу возбудлив натпревар во кој Јужноамериканците ја загубија предноста, а во завршницата останаа без гол поради офсајд по интервенцијата на ВАР.
Зелено’ртски Острови ги шокираа фаворизираниот Уругвај во 21. минута. По прекршок на околу 25 метри од голот, Кевин Ленини изведе феноменален слободен удар и со прецизен удар го погоди десниот долен агол за водство на својата селекција од 1:0.
Тоа беше историски момент и првиот гол на Зелено’ртски Острови на Светското првенство, што предизвика огромно славје меѓу навивачите на оваа африканска репрезентација.
По примениот гол, Уругвај го зголеми притисокот и стигна до изедначување во 44. минута. По одбиената топка во казнениот простор, најбрз беше Максимилијано Араухо, кој со глава ја испрати топката во мрежата за 1:1.
Длабоко во судиското продолжение на првото полувреме следеше целосен пресврт. Араухо повторно беше во центарот на вниманието, овојпат како асистент, кога со глава ја спушти топката пред голот, а Агустин Канобио од непосредна близина постигна гол за водство на Уругвај од 2:1.
Сепак, Зелено’ртски Острови не се откажуваа. Наградата за храбрите играчи стигна во 61. минута кога резервистот Хелио Варела шутираше од далечина. Неговиот удар не изгледаше посебно опасен, но уругвајскиот голман направи голема грешка и ја пушти топката во мрежата за изедначување на 2:2.