Дома Фудбал Единсон Кавани го раскина договорот со Бока Јуниорс

Единсон Кавани го раскина договорот со Бока Јуниорс

Поранешниот фудбалер на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија, Единсон Кавани, ја заврши својата епизода во Бока Јуниорс.

Овој искусен 39-годишен напаѓач по три сезони со Бока реши да го напушти клубот и да го раскине договорот, но не планира завршување на кариерата.

Имаше големи проблеми со грбот во претходната сезона и тоа е наведено како причина за раскинот на договорот.

За аргентинскиот гигант, Кавани постигна 28 гола на 81 натпревар одигран во овие три сезони.

„Ел Матадор“ во својата кариера има освоено уругвајска Примера, Куп на Италија со Наполи, шест титули со ПСЖ, пет купа со истиот клуб, а со уругвајската репрезентација ја има освоено Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими конечно ги освои првите бодови во ПМФЛ!

Башкими го доби „дербито на дното“ против Скопје со 2-1 и конечно стигна до првите бодови …