Дома Фудбал На Куман му падна мрак на очи: Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери!

На Куман му падна мрак на очи: Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери!

Репрезентацијата на Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери за натпреварот против Шведска во 2. коло на Светското првенство. На директен судар на тренинг се повредија Квинтен Тимбер и Френки де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандија денеска игра натпревар против Шведска во 2. коло на Светското првенство. „Оранжевите“ сакаат победа со која би го осигурале пласманот во нокаут фазата на натпреварувањето, но во овој дуел ќе бидат ослабени.

За време на тренингот дојде до прилично бизарна сцена која ги исфрли двајцата фудбалери од тимот за денешниот натпревар. Се случи силен судар меѓу Квинтен Тимбер и Френки де Јонг и двајцата се здобија со повреди.

25-годишниот Тимбер сигурно ќе го пропушти натпреварот. Тој доживеа полесен потрес на мозокот во оваа случка, додека Де Јонг се здоби со тежок удар во телото и неговиот настап е под голем прашалник.

Селекторот Роналд Коеман по сè изгледа ќе мора да избере други опции. Недостигот на Де Јонг е особено болен бидејќи сепак се работи за вистинска ѕвезда на холандската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…