Дома Топ вести Обложувалниците знаат – Кој ќе го предводи нападот на Реал следната сезона?

Обложувалниците знаат – Кој ќе го предводи нападот на Реал следната сезона?

Изгледа дека листата на желби е позната: Најмала квота на Аргентинецот, но инсајдерите тврдат дека за само еден фудбалер Реал е подготвен да плати 200 милиони евра.

На билтените од обложувалниците, најлесна цел е Мауро Икарди, поради клаузула од 110 милиони. Квотата на Аргентинецот е 2, меѓутоа, тој не е толку расположен да го напушти Интер, а неговата сопруга преговара за нов договор. Интересот на Реал ќе го искористи да биде најплатен играч во Серија А.


Следува Кун Агуеро, во случај Гвардиола да сака да го продаде, односно да го купи Санчез, тој би можел во Реал, квотата е 3.5, а третиот е Андреа Белоти со 3,75. Меѓутоа, ова се резервни опции, Белоти исто така има клаузула од 100 милиони, па трансферот се гледа како сигурен, но, по многумина, првата мета на Реал е Хари Кејн.

Единствено за него, како што пишуваат шпанските медиуми, Перез е подготвен да плати богатство, околу 200 милиони евра. Квотата е 4, а изгледа дека Тотенхем би можел да ја прифати ваквата понуда доколку пристигне од Мадрид. Скаутите на Реал го следат Кејн на секој натпревар, ќе ги има и вечерва на натпреварот помеѓу Лестер и Тотенхем.

Освен Кејн, тука се и Нејмар, Санчез и Гризман, двајцата имаат квота 5, потоа Левандовски со квота 6, колку што е проценет и Обамејанг. На крајот на листата е Дрис Мертенс, но тоа е малку веројатно, со оглед на неговите години и дека Реал бара поинаков вид на играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меси за ривалството со Роналдо: Од спортски аспект, навистина беше прекрасно

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе останат запаметени како двајца од најголемите фудбалер…