
Селекцијата на Бразил ноќеска во Филаделфија ја запиша првата победа на годинашниот Мундијал, откако пред околу 68.000 гледачи ја совлада репрезентацијата на Хаити со резултат 3:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оваа средба се комплетираше второто коло во Групата Ц, каде сега Бразил и Мароко имаат по четири поени, Шкотска е трета со три, а Хаити се на последно место без поени.
Во последното коло ќе се сретнат Бразил – Шкотска, односно Мароко – Хаити.