Дома Фудбал Иранците не сакат повеќе малтретирање во САД, сега на потег е ФИФА!

Иранците не сакат повеќе малтретирање во САД, сега на потег е ФИФА!

Фудбалската федерација на Иран ќе поднесе официјална жалба до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради ограничувањата за патување со кои се соочува на Светското првенство, пренесоа денес британските медиуми.

Иранскиот тим доби дозвола да лета во Соединетите Американски Држави, кои заедно со Канада и Мексико се организатори на Мундијалот, еден ден пред и мора да ја напушти земјата истиот ден кога ќе заврши натпреварот.

Ова доведе селекторот на Иран, Амир Галеној, по нерешениот резултат со Нов Зеланд (2:2) во Лос Анџелес, на отворањето на шампионатот, да изјави дека неговиот тим е „најугнетуван“ на турнирот.

Фудбалската федерација на Иран во известувањето наведе дека ограничувањата со кои се соочуваат „се спротивни на принципот на обезбедување на еднакви услови за сите тимови-учесници и дека можат негативно да влијаат на процесот на подготовки на тимот“, пренесува Би-Би-Си (BBC).

„Согласно тоа, Федерацијата ќе го изрази своето незадоволство формално и ќе поднесе официјална жалба до ФИФА преку соодветните канали“, стои во известувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајна клаузула во договорот на Фабрегас: Само три клуба можат лесно да го преземат од Комо

Цеск Фабрегас наводно може да го напушти Комо за симболичен надоместок доколку добие понуд…