Дома Фудбал Репрезентативец во центарот на скандал на СП: Полицијата го уапси, а ФИФА молчи!

Репрезентативец во центарот на скандал на СП: Полицијата го уапси, а ФИФА молчи!

Светското првенство во фудбал го потресе голем скандал! Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска, Ели Вахи, се најде под истрага поради сомнеж за местење на натпревар.

Станува збор за 23-годишен фудбалер кој минатата сезона го носеше дресот на Ница, а истражителите се обидуваат да утврдат дали намерните заработил жолт картон на првенствениот натпревар против Мец на 17 мај.

Според информациите на Атлетик, Вахи е уапсен на 29 мај, непосредно откако со два гола ја водел Ница до победа против Сент-Етјен и го обезбедил останувањето на клубот во француската Лига 1.

И покрај апсењето и истрагата што е во тек, напаѓачот заминал со својата репрезентација на Светското првенство и настапил во победата на Брегот на Слоновата Коска против Еквадор (1:0). Во натпреварот одигра 55 минути и дури ја погоди пречката пред да излезе од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да…