Дома Фудбал Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата средба меѓу двата тима е закажана за 9 јули и формално домаќин ќе биде Динамо Минск. Сепак, натпреварот нема да се игра во Белорусија, туку на неутрален терен во Бугарија. Реваншот е предвиден за една недела подоцна, на 16 јули.

Белоруските клубови и национални селекции веќе повеќе од три години не можат да ги организираат своите европски натпревари на домашен терен. Ограничувањето е во сила од март 2022 година, согласно одлуката на УЕФА.

Според правилата на европската фудбалска федерација, белоруските екипи можат да бидат домаќини само на неутрални стадиони и без присуство на гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија и Роналдо не убедливи на стартот

Португалија дефинитивно разочара во првиот свој натпревар од Мондијал 2026 и заврши 1:1 со…