
Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ и капитенот Лука Модриќ го најавија дуелот со Англија во дербито на првото коло од Светското првенство… Пред капитенот на хрватската фудбалска репрезентација е десетото големо натпреварување, меѓу кои и петтото Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Патувањето беше одлично, не можев ниту да сонувам дека ќе бидам на пет Светски првенства. Кога се навратам на почетоците, бев дете со големи соништа. Сонував за едно настапување, а сега скоро ќе имам 200. Секое првенство ме правеше подобар, растев како играч и како личност, со сите селектори и соиграчи”, рече на прес-конференцијата во Далас.
„Освои три медали. Игравме многу големи натпревари. Но, не размислуваме подалеку од утрешниот натпревар. Примарната цел ни е утрешниот натпревар и поминувањето на групата.”