Евертон е во потрага по нов тренер, а еден од кандидатите е Сем Алардајс.
Како што јавува Скај Спорт, Алардајс е првата желба на челниците на Евертон, кои се разочарани од играта на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Роналд Куман заработи отказ и на „Гудисон Парк“ се уште бараат соодветна замена, па Алардајс би можел да го преземе кормилото.
Со него се започнати преговорите откако Евертон ја загуби шансата да го донесе Марко Силва од Вотфорд, а овој стратег претходно го предводеше Кристал Палас, репрезентацијата на Англија, Сандрленд, Вест Хем, Блекбурн, Њукасл, Болтон…
Евертон во моментов е на 16. позиција во ПЛ со 23 бодови, но во последните три натпревари освои само еден бод.