Дома Фудбал Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Лионел Меси ги постигна сите три погодоци на натпреварот, со што успеа да собори или изедначи шест светски рекорди на мундијалите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светската јавност брзо дозна дека Аргентинецот сега има ист број на голови на Светските првенства како и Мирослав Клосе, со вкупно 16 голови, но покрај овој рекорд, Лео стана сопственик и на уште пет други посебни достигнувања.

Најстар стрелец на хет-трик

По прв пат во својата кариера, Лионел Меси постигна три гола на еден натпревар на Светско првенство. Со ова, тој стана најстариот стрелец на хет-трик во историјата на светските шампионати со 38 години и 357 дена, оставајќи го зад себе Кристијано Роналдо, кој тоа го постигна со 33 години и 130 дена во 2018 година.

Најстар стрелец на два гола

Во оваа категорија Меси го надмина Роже Мила. Камерунецот во 1990 година на возраст од 38 години и 34 дена постигна два гола во победата над Романија со резултат 2:1.

Стрелец на најмногу различни Мундијали

Меси го затресе противничкиот гол на пет од своите шест учества, неуспевајќи тоа да го направи само во 2010 година. Сега дели прво место со Кристијано Роналдо, кој до сега постигнал гол на пет од пет, но има можност на тековниот турнир да стигне до шести потфат.

Најмногу победи

Со својата 17-та победа, Меси се израмни со Мирослав Клосе. Покрај тоа, Меси има остварено и пет нерешени и пет порази.

Најмногу голови надвор од шеснаесетникот

Меси успеа да го сруши рекордот којшто 60 години беше во сопственост на Бразилецот Ривелињо и стана играч со најмногу погодоци надвор од казнениот простор. Со водечкиот гол против Алжир, го израмни учинокот на Ривелињо, за да со уште еден гол остане сам на врвот на вечната листа со шест погодоци надвор од шеснаесетникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Давор Шукер најави сензационално враќање на Модриќ!

Лука Модриќ моментално е на Светското првенство со репрезентацијата на Хрватска и вечерва …