Дома Фудбал Meси даде гол па се расплака: Поминувам низ тежок период…

Meси даде гол па се расплака: Поминувам низ тежок период…

Една недела пред да наполни 39 години, Лионел Меси го остави својот белег со хет-трик на Светскиот куп. Во првиот натпревар на Аргентина на СП, Меси ги постигна сите три гола за победата од 3:0 против Алжир во Канзас Сити. Со ова остварување, со вкупно 16 постигнати голови, се изедначи со Мирослав Клосе, кој досега беше единствениот водечки стрелец во историјата на СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Историските голови Меси ги постигна во 17., 60. и 76. минута, а веднаш по првиот гол беше забележано дека се расплака. Овие солзи не беа радосни, а Меси по натпреварот го потврди тоа пред новинарите: „Да, плачев по првиот постигнат гол… Но, тоа беше поради нешто што не беше поврзано со фудбалот. Поминав низ тежок период, но сум благодарен на целата аргентинска делегација и на моите соиграчи, бидејќи тие секогаш беа до мене и ми даваа голема сила.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино во соблекувалната на Иран! Снимен разговорот на претседателот на ФИФА со револтираниот тим /ВИДЕО/

Двајца ирански играчи и селекторот Амир Галеној изразија незадоволство заради органичувања…