
На стадионот Ероухед во Канзас Сити, Аргентинските фудбалери ја започнаа одбраната на светската титула со убедлива победа над селекцијата на Алжир, завршувајќи го натпреварот со резултат 3:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По девет минути, капитенот Меси од далечина постигна извонреден погодок со кој Аргентина поведе. Двете екипи играа внимателно до крајот на првото полувреме и не им дозволија многу шанси на спротивниот тим.
Во второто полувреме, избраниците на селекторот Владимир Петковиќ не успеаја да прикажат подобра игра, додека Аргентина целосно доминираше на теренот.
𝐈𝐓’𝐒 𝐋𝐈𝐎𝐍𝐄𝐋 𝐌𝐄𝐒𝐒𝐈’𝐒 𝐖𝐎𝐑𝐋𝐃 𝐀𝐍𝐃 𝐖𝐄’𝐑𝐄 𝐉𝐔𝐒𝐓 𝐋𝐈𝐕𝐈𝐍𝐆 𝐈𝐍 𝐈𝐓.
— 433 (@433) June 17, 2026
𝗜𝗠𝗔𝗚𝗜𝗡𝗘 𝗦𝗖𝗢𝗥𝗜𝗡𝗚 𝗔 𝗪𝗢𝗥𝗟𝗗 𝗖𝗨𝗣 𝗛𝗔𝗧-𝗧𝗥𝗜𝗖𝗞 𝗔𝗧 𝟯𝟴 𝗬𝗘𝗔𝗥𝗦 𝗢𝗟𝗗 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/QKwU6sRv6t
Во 60-тата минута на натпреварот, Меси го зголеми водството, а во 76-тата минута го комплетираше својот хет-трик, за конечен резултат од 3:0. Со ова, Меси го изедначи рекордот на Мирослав Клосе за погодоци на светските првенства. Сега и двајцата фудбалери имаат по 16 голови на светските турнири, а по нив е Роналдо Бразилецот со 15.