
Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе веројатно и највозбудливиот фудбал досега на ова Светско првенство, но на крајот токму тоа се случи. Видовме поделба на бодовите и тоа откако тимот од Океанија двапати водеше на оваа средба – 2:2 (1:1)!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најдобрите натпревари на Светското првенство, без никаква дилема, одиграа Иран и Нов Зеланд. Многумина се сомневаа како ќе изгледа дуелот на хартија на две помалку атрактивни селекции, но ни донесе бескомпромисна борба, шанси во скоро секој напад и многу голови.
И едните и другите го оставија срцето на теренот до самиот крај. Гледавме отворен фудбал, трчање и сето она што го бара и сака публиката кога седи пред малите екрани.