Дома Останати Кошарка Нан заврши во болница по тепачката со Тајрик: Нови детали од прегледите, се подготвуваат тужби (ВИдео)

Нан заврши во болница по тепачката со Тајрик: Нови детали од прегледите, се подготвуваат тужби (ВИдео)

Олимпијакос после драмата и петтиот натпревар го победи Панатинаикос и ја освои титулата. Меѓутоа, она што е главна тема после тој натпревар не е поврзано со успехот на црвено-белите од Пиреја, туку со тепачката помеѓу Кендрик Нан и Тајрик Џоунс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè започна уште на самиот терен кога дојде до „загреани страсти“, па продолжи и пред и во соблекувалните каде што поранешниот центар на Партизан наводно го удри со тупаница плејмејкерот на Панатинаикос. Сега се појавија нови информации за состојбата на американскиот организатор на играта.

Како што пренесува грчкиот портал „ЕРТ“, Нан по инцидентите заврши во болница на дополнителни прегледи и таму беше утврдено дека има скршени ребра. Повредата ја заработил за време на мечот, но „стиснал забите“ и играл. Се гледаше и по неговиот начин на игра дека го мачи, а сега е малку појасно и зошто играше слабо до моментот на исклучувањето.

По инцидентите кои се случија во салата на Олимпијакос, најавени се тужби. И тоа од двете екипи, само против различни лица. Ќе се води борба и на суд и има шанси казните да бидат драконски, особено за Тајрик. Малку се шансите овој силен центар да остане во редовите на европскиот шампион после сè што направи. 

Кендрик Нан се вмеша во тепачка 😳 pic.twitter.com/kLb5gCLuLw— 𝙃𝙀𝘼𝙏 𝙉𝘼𝙏𝙄𝙊𝙉 (@HeatvsHaters) 13 јуни 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…