Дома Фудбал Пандев ќе игра во спектакл помеѓу легендите на Реал и Интер!

Пандев ќе игра во спектакл помеѓу легендите на Реал и Интер!

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, утре ќе биде дел од големиот хуманитарен натпревар што ќе се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, каде силите ќе ги одмерат легендите на Интер и Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за традиционалниот „Корасон Класик Меч“, на кој поранешни асови на двата европски гиганти повторно ќе излезат на теренот и ќе потсетат на славните денови од своите кариери.

Пандев ќе настапи во составот на Интер заедно со голем број поранешни ѕвезди на миланскиот клуб, меѓу кои се Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Антонио Кандрева, Маикон, Лусио, Џампаоло Пацини, Родриго Паласио и Давид Суазо. Тимот ќе го предводи легендарниот Џузепе Бергоми, додека дел од експедицијата е и поранешниот голман Франческо Толдо.

За Пандев, настапот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе разбуди посебни спомени, бидејќи токму на овој стадион во 2010 година беше дел од генерацијата на Интер која под водство на Жозе Мурињо ја освои титулата во Лигата на шампионите, испишувајќи една од најславните страници во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Богдановиќ за Роналдо: Срамота е што воопшто учествува на СП

Почетокот на Светското првенство ги отвори и првите контроверзии, а за една од нив се погр…