Дома Фудбал Ас: Чави е ставен на страна во Барселона

Ас: Чави е ставен на страна во Барселона

Чави Ернандез се соочува со тоа да биде отстранет од Барселона, а причината се негoвите несогласувања со Жоан Лапорта во текот на предизборната кампања. Последиците веќе се видливи – според информациите на Catalunya Радио, потврдени од AS, за поранешниот тренер на Барселона е ставен вето за покани за последните две натпревари на одборот Барса Легендс, кои требало да се одржат во Мајами и Сеул, пишува AS.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се чини дека ветото ќе продолжи и за идните средби, бидејќи зад поканите стои Алехандро Ечеварија, поранешен зет на Лапорта и негова десна рака. Имено, Чави го истакна него во интервју за La Vanguardia за време на предизборниот процес како една од клучните фигури во клубот. Претходно пред овa контроверзно интервју, насловен “Ечеварија во клубот има повеќе влијание од Лапорта”, Чави имаше настапи за Барса Легендс и на натпревари во Лос Анџелес, Мексико и Мумбај.

Поранешниот играч ја доживува оваа ситуација со голема лутина и огорченост, особено по забраната за настап на последниот натпревар во Сеул, каде што требаше да се сретне со тројца блиски пријатели – Серхио Бускетс, Жорди Алба и Хавиер Маскерано.

Според информации на Catalunya Радио, агенти на Чави добиле известување од Луис Са, поранешен соработник на Деко и сегашен организатор на натпревари за поранешни фудбалери, кој им пренел дека нивниот клиент не е добредојден и дека неговиот предлог за играње во Сеул е одбиен. Ветото не е прв пат, бидејќи Чави не можеше да учествува ниту на натпреварот во Мајами, што ја прави оваа состојба засега нерешлива.

Клубот се обидува да ја смири ситуацијата

И покрај сè, од каталонскиот клуб, според истите извори, се обидуваат да ги намалат тензиите со Чави Ернандез, уверувајќи ја јавноста дека ова е привремена состојба која набрзо ќе се разреши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пандев ќе игра во спектакл помеѓу легендите на Реал и Интер!

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, утре ќе биде дел од големиот хуманитарен нат…