Дома Фудбал Ацтека беше сведок на одличниот старт на Мексико, црвените картони го вметнаа натпреварот во историјата

Ацтека беше сведок на одличниот старт на Мексико, црвените картони го вметнаа натпреварот во историјата

Домаќинот Мексико лесно ја совлада Јужна Африка со 2:0 во отворачкиот натпревар на Мундијалот, одигран на легендарната „Ацтека“.

Головите на Хулиан Киньонес (9’) и Раул Хименес (67’) ѝ донесоа заслужена победа на „Ел Три“ пред над 80.000 нивни фанови, кои го исполнија стадионот далеку пред почетокот во 13:00 по локално време.

Сепак, натпреварот ќе остане запаметен во историјата по трите директни црвени картона – два за африканскиот тим на Спепело Ситоле (50’) и Темба Зуане (84’), како и за Сесар Монтес (90+2’) од мексиканската страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…