
Мексико води со 1:0 против Јужна Африка на отворањето на 23-от светски шампионат. Хулиан Кињонес беше прецизен во деветтата минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот се одржува на легендарниот “Ацтека” и е дел од групата “А”, во која се и екипите на Јужна Кореја и Чешка, кои ќе се сретнат подоцна во текот на ноќта.
Домаќините дојдоа до првата добра можност уште во петтата минута, кога Раул Хименес шутираше опасно, но голманот спаси.
Само по четири минути подоцна – при нивната втора шанса – Мексиканците поведоа. Ситоле направи грешка при изнесувањето на топката на Африканците, а Кињонес заврши со прецизен удар за 1:0.