Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изненади многумина. Во финалето не ги гледа велесилите во фудбалот како Аргентина, Бразил или Франција, а меѓу фаворитите не ја спомена ни Хрватска. Според неговото мислење, насловот светски првак ќе го освои Португалија со победа против еден од домаќините, Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ѓоковиќ верува дека Португалците во финалниот натпревар ќе слават со резултат 2:0 или 2:1. Таков исход би претставувал совршен крај на кариерата за Кристијано Роналдо, кому ова би можело да му биде последното Светско првенство. Од друга страна, влегувањето на Мексико во финале би било првокласно изненадување. Иако се домаќини на натпреварувањето и го отвораат на култниот стадион Астека, ретко кој ги гледа во борбата за титула.

Тоа што ја прави прогнозата уште позанимлива е списокот на репрезентации што Ѓоковиќ не ги вклучил меѓу кандидатите за трофејот. На него ги нема актуелните светски шампиони Аргентина, секогаш опасниот Бразил, како и Франција, Шпанија и Англија. Големиот тенисер не ја спомна ни Хрватска, која на последните две светски првенства освои сребрен и бронзен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери го победија Косово!

Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од…