
Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од Дејвис купот, откако денеска убедливо ја совлада селекцијата на Косово со 2-0 во поени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По вчерашниот пораз од домаќинот Молдавија, избраниците на селекторот Горан Шевченко успеаја да се вратат на победничките патеки благодарение на сигурните настапи на Калин Ивановски и Олег Приходко во сингл-конкуренција.
Ивановски во првиот меч го надигра Дони Гаши со 2-0 во сетови (7:5, 6:4). Натпреварот беше накратко прекинат поради дожд, но тоа не го наруши ритамот на македонскиот тенисер, кој ја запиша својата втора победа на турнирот.
Во вториот сингл дуел, Приходко доминираше против Јасин Јакупи и славеше со убедливи 2-0 (6:1, 6:1), препуштајќи му на противникот само два гема во текот на целиот меч.
За натпреварот во двојки во македонскиот состав се пријавени Ивановски и Приходко, додека за Косово се предвидени Гранит Бајралиу и Салидин Рама. Сепак, можно е да има промени во составите пред почетокот на дуелот.
Во меѓувреме, Молдавија ја обезбеди првата позиција во групата и пласман во Втората Светска група, откако поведе со 2-0 против Грузија. Со оглед дека утре ја очекува пресметка со Косово, Молдавците веќе го заверија врвот на табелата.
Македонија утре ќе се соочи со Грузија во натпревар кој директно ќе решава за освојување на второто место во групата.