
Македонската креативност ќе биде дел од претстојното Светско првенство, откако босанската фудбалска легенда Един Џеко ќе настапува во специјално дизајнирани копачки изработени од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио Swithadot Studios.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уникатниот дизајн е инспириран од прекарот на Џеко – „Босанскиот змеј“, а копачките содржат рачно изработени детали во сина боја, мотиви од знамето на Босна и Херцеговина, како и елементи изработени со 18-каратно течно злато, кои симболизираат лидерство, успех и трајното наследство на прославениот напаѓач.
„Един е еден од најголемите спортисти што ги дал Балканот. Капитен, лидер и човек кој остави огромен белег во светскиот фудбал. Горди сме што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој долго време беше меѓу нашите најпосакувани соработници“, изјави Грабулоски.
