Одличниот напаѓач на Валенсија, Родриго во 60 минута од дербито против Барселона (1:1) ги воодишеви навивачите на „Местаља“ со погодокот за водство од 1:0, но и со посебната прослава.
Родриго истрча до трибините каде што прослави со навивачите, а едно од момчињата кои собоираа топки извади портокалова перика и му ја даде на Родриго кој истата на стави на глава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со начинот на прослава тој според правилата заслужи жолт картон и тоа по два критериуми.
ФИФА наложува фудбалерот кој слави погодокот да добие жолт картон ако при тоа прави нешто од следното: Провоцира, се качува на оградата или трибините, соблекува маица и го прекрива лицето или главата.
Како што може да се види на снимката судијата Игнасио Иглесиас веќе го извади жолтиот картон го држеше спремен да му го покаже на Родриго, но сепак се откажа бидејќи стрелецот со облекувањето на периката му искажа почит на Ортиља.
Ортиља е најуспешниот претседател во историјата на клубот за чиј мандат (2001-2004) Валенсија освои две титули на Шпанија, триумфираше во Купот на УЕФА и беше финалист во Лигата на шамионите, тој почина на два дена пред натпреварот на 70 годишна возраст.
Меѓутоа, разбирањето на судијата кое го покажа кон Родриго посебно ги налути фановите на Барселона. Посебно поради тоа што 15 минути после простениот жолт картон Родриго доби јавна опомена за остар старт.
Заклучокот е јасен: Доколку Иглесиас му покажеше жолт картон на Родриго при прославата кога и го заслужи, Барселона во последните 15 минути би имала играч повеќе.