Дома Фудбал Фудбалски супер-агент му понуди три фудбалери на Реал Мадрид

Фудбалски супер-агент му понуди три фудбалери на Реал Мадрид

Реал Мадрид внимателно ги следи случувањата на фудбалскиот пазар, а шпанските медиуми доносуваат интересни информации поврзани со можните потези на кралскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според шпанските медиуми, познатиот менаџер Жорж Мендеш им понуди на челниците на Реал тројца од своите клиенти.

Станува збор за еден од највлијателните фудбалски агенти во светот, човек кој со години учествува во реализација на големи трансфери низ цела Европа.

Како што се наведува, меѓу играчите кои Мендеш ги претстави на мадридскиот великан е и португалскиот репрезентативец Рубен Диас.

Искусниот стопер веќе со години се смета за еден од најдобрите дефанзивци во европскиот фудбал и со своите игри привлече внимание од многу клубови.

Покрај него, на Реал Мадрид му беше понуден и Матеус Фернандеш, млад играч од средината кој се смета за еден од најталентираните португалски фудбалери.

Нунес може да се пофали со настапи во англиското првенство и благодарение на своите квалитети често беше цел на многу големи клубови.

Шпанските медиуми не објавија дали управата на Реал Мадрид покажа конкретен интерес за некој од споменатите тројца играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо инсистира за Бастони во Реал Мадрид, Интер постави сериозна цена на дефанзивецот

Реал Мадрид не се откажува од идејата да го донесе Алесандро Бастони, но Интер ќе размисли…