Дома Фудбал ФФМ понудила финансиска помош, Шкендија одбила!

ФФМ понудила финансиска помош, Шкендија одбила!

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на денешната средба со новинарите откри дека тетовска Шкендија ја одбила понудената финансиска поддршка од федерацијата за реконструкција на својот стадион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според Омерагиќ, ФФМ била подготвена да инвестира 700.000 евра за поставување дополнителни 7.000 седишта на арената во Тетово, која веќе подолг период се реновира. Тој посочи дека федерацијата претходно обезбедила и 3.000 седишта за стадионот, но новата понуда не била прифатена од клубот.

„Имавме состанок со претставниците на Шкендија, но тие ја одбија финансиската помош. Како федерација не можеме никому да му помогнеме на сила“, изјави Омерагиќ, додавајќи дека причините за ваквата одлука не биле образложени од страна на тетовскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит реакција на Меси: Противникот дојде да се поздрави со него, а потоа му откри нешто што го воодушеви (Видео)

Аргентинската фудбалска репрезентација успешно го заврши последниот тест пред почетокот на…