Дома Фудбал „Газета дело Спорт“: Милан му даде „одврзани раце“ на Модриќ да одлучи за својата судбина

„Газета дело Спорт“: Милан му даде „одврзани раце“ на Модриќ да одлучи за својата судбина

Лука Модриќ отпатува со хрватската репрезентација на Светското првенство каде ќе игра во групата Л против Англија, Гана и Панама. Во САД пристигна како играч на Милан, но не се знае каков ќе биде неговиот статус по 30 јуни, кога неговиот договор со италијанскиот великан истекува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на хрватската репрезентација има можност за продолжување на договорот за уште една сезона, но италијанските медиуми не се сигурни дали ќе ја прифати таа опција. Доколку Милан избореше Лига на шампиони, шансите за негово останување ќе беа поголеми, сигурни се во Италија. Вака неговата иднина е непозната, а неговата одлука за продолжување на кариерата е она што се чека.

Тоа го наведува и „Газета дело Спорт“, познат италијански спортски дневен весник, со истакнување дека Модриќ сè уште не ја донел одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големо дерби во ПМФЛ ќе гледаме уште во второто коло!

Денеска беше објавен распоредот за новата сезона во Првата лига, а големо дерби ќе гледаме…