Дома Фудбал Бразил во паника: Нејмар na специјален режим, одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена!

Бразил во паника: Нејмар na специјален режим, одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена!

Нејмар продолжува со опоравување од повредата на листот според строго дефинирана програма подготвена од медицинскиот тим на репрезентацијата на Бразил, и од таборот на „кариоките“ порачуваат дека сѐ се одвива контролирано и без брзање, за да се избегне секој ризик пред Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пишувањето на бразилските медиуми, искусниот напаѓач сѐ уште е под посебен режим на работа, со комбинација од физиотерапија и индивидуални тренинзи, додека неговото враќање во полниот тренажен процес се планира постепено, согласно напредокот на рехабилитацијата.

Во Бразил нагласуваат дека целта е јасна – целосна подготвеност за Светското првенство, но без форсирање. Медицинскиот тим секојдневно го следи статусот на 34-годишната ѕвезда и одлучува за секој следен чекор, за да не дојде до влошување на повредата.

Иако во некои извештаи се појавува оптимизам дека Нејмар би можел да биде спремен за почетокот на турнирот, од сојузот порачуваат дека сѐ ќе зависи исклучиво од неговата физичка состојба во следните неколку дена.

Во стручниот штаб на Бразил нема место за ризик – планот за рехабилитација мора да се почитува до детал, дури и ако тоа значи побавно враќање на теренот и отсуство од некои подготвителни активности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мундијалот и останатите најголеми спортски настани во иднина ќе ги слушаме на македонски јазик! (Видео)

Пред љубителите на спортот во Македонија од денеска е достапен нов телевизиски проект, отк…