
Жозе Мурињо ќе биде официјално промовиран како нов тренер на Реал Мадрид до крајот на неделата, но веќе работи на засилувањата.
Според денешните информации, Мурињо неколкупати истакнал дека најголемиот проблем на Реал е во дефанзивната линија, поради што Флорентино Перез експресно ги обезбеди Ибрахима Конате и Дензел Дамфриз.
Но, тука не е крајот, затоа што најголемата желба на Мурињо е – Рикардо Калафјори!
Италијанецот е идеална цел за тимот на Мурињо, бидејќи може да покрие повеќе позиции во одбраната, а Мурињо смета дека тој најдобро го балансира левиот бек, земајќи предвид дека на десната страна повеќе преферирани се офанзивни играчи како Трент Александер-Арнолд и споменатиот новајлија Дамфриз.
Сега на потег е повторно Флорентино Перез, кој му вети на Мурињо што и да е потребно за да го врати тимот на патот на успехот.
Замислете одбрана во која бекови се Трент или Дамфриз и Калафјори, а стопери Конате и Хаусен/Ридигер, се додека не се опорави Едер Милитао.
Мурињо изгледа знае што сака за да го реновира и засили Реал Мадрид, но сигурно дека Арсенал нема така лесно или евтино да го пушти Италијанецот.
Калафјори дојде во Арсенал летото 2024 година од Болоња за 44.000.000 евра и беше многу значаен дел од тимот на Микел Артета.