
Аргентинскиот голман на Астон Вила, Емилиано Мартинес, веќе е главна трансферна цел за Јувентус, објавува новинарот Фабрицио Романо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите, „бјанконерите“ ги насочија своите напори кон доведувањето на светскиот шампион, откако стана јасно дека Алисон ќе остане во Ливерпул. Англискиот клуб му соопштил на бразилскиот голман дека се потпира на него за претстојната сезона, што ги попречило плановите на торинскиот гигант.
Како резултат на тоа, Јувентус веќе започна преговори и за трансферната сума на Мартинес, и за неговите лични услови. И покрај високата плата на аргентинецот, италијанскиот клуб е сериозно заинтересиран за можноста да го доведе.
Како алтернативна опција за голманската позиција во Јувентус останува Гулиелмо Викарио од Тотенхем.