Дома Фудбал Се пензионираше напаѓачот кој ја шокираше Барса во ЛШ! (Видео)

Се пензионираше напаѓачот кој ја шокираше Барса во ЛШ! (Видео)

Дивој Ориги (31), напаѓачот кој стана култен херој во Ливерпул благодарение на неговите голови во клучни моменти, официјално објави крај на својата професионална фудбалска кариера. Оваа вест ја сподели на своите социјални мрежи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во емотивна објава, Ориги се осврна на својата кариера и исполнувањето на своите детски сништа: “Мојата спортска цел е исполнета. Ја остварив детската мечта, играјќи на најголемите сцени и освојувајќи најзначајните трофеи. Благодарен сум на Бога за сето тоа.”

Им се заблагодари на навивачите: “На сите мои навивачи низ светот кои ми помогнаа да засветам: секој легендарен момент, секој гол и секој дел од историјата што заедно го напишавме ќе ни припаѓа засекогаш. Благодарам на секој клуб, на сите тренери и соиграчи кои беа покрај мене. Вие ме обликувавте на начини кои далеку ги надминуваат теренските граници.”

“Горд сум што ја претставував својата земја Белгија, додека во срцето го носев гордо потеклото од Кенија, а на моето семејство и најблиските… без вас не би бил тоа што сум денес. За секогаш ќе ви бидам благодарен. Мисијата е извршена. Сега се насочувам кон нови предизвици. Патувањето продолжува… Со љубов, …”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Арсенал со силен интерес кон играчот од средниот ред од Премиер лигата

Од Арсенал го забележале играчот од средниот ред на Нотингам Форест, Морган Гибс-Вајт, как…