Дома Боречки спортови Oва е доказ каква легенда е Конор во УФЦ!

Oва е доказ каква легенда е Конор во УФЦ!

Откако УФЦ официјално објави дека главната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11-ти јули ќе биде меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј, љубителите на ММА направија нешто невообичаено.

Кога УФЦ ги пушти билетите во продажба, сите беа распродадени за само 240 секунди.

Ова доволно кажува за популарноста на Мекгрегор, дури и покрај тоа што немаше победа шест и пол години.

Конор ја забележа својата последна победа во јануари 2020 година, кога победи против Доналд Сероне, а потоа доживеа два последователни пораза од Дастин Поирие, последниот во јули 2021 година кога ја скрши ногата.

Од тогаш, 37-годишниот Конор не се бореше и многумина мислеа дека никогаш повеќе нема да го видат во октагонот. Очекувано беше билетите да се распродадат брзо, но никој не претпоставуваше дека ќе биде поставен нов рекорд на УФЦ во однос на продажба.

Ова ќе биде втората борба во кариерата мегу Мекгрегор (22-6) и Холовеј (27-9). Првпат влегоа во октагон во август 2013 година, кога Мекгрегор го доби натпреварот по едногласна одлука на судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …