Дома Фудбал Лаутаро херој, Аргентина без Меси победи на последниот натпревар пред Светското првенство (Видео)

Лаутаро херој, Аргентина без Меси победи на последниот натпревар пред Светското првенство (Видео)

Аргентинските фудбалери триумфираа против Хондурас со 2:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентина дојде до победата со леснотија, откако Лаутаро Мартинез успешно реализираше удар од белата точка во 37. минута за водство на „Гаучосите“.

Победата беше обезбедена благодарение на погодокот на Џулијано Симеоне во 54. минута, асистент беше стрелецот на првиот гол.

Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, го следеше натпреварот од клупата и не се појави во игра.

Актуелниот светски шампион ќе се соочи со Исланд во среда, по што следуваат обврските на Светското првенство.

Првиот натпревар на Аргентина на светската сцена ќе биде против Алжир на 17 јуни.

Аргентина е дел од Групата Ј каде што се натпреварува заедно со Алжир, Австрија и Јордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хит: Погледнете како најмалата репрезентација пристигна на подготвителниот натпревар пред СП (Видео)

Стотици навивачи во саботата ја пречекаа фудбалската репрезентација на Куракао со славење,…