Дома Фудбал Останато Тијаго Силва: Мбапе сеуште мисли дека игра за Монако

Тијаго Силва: Мбапе сеуште мисли дека игра за Монако

Капитенот на клубот од Парз, Тијаго Силва вчера славеше победа над главниот конкурент за титулата, а се пошегува и на сметка на Килијан Мбапе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот француски фудбалер, Килијан Мбапе вчера не беше на своето ниво против својот поранешен клуб, Монако.

Мбапе пропушти неколку прилики за поубедлива победа, а потоа и при голот на Мутињо за Монако топката на патот до мрежата го погоди токму него, а ПСЖ славеше победа од 2:1.

„Во соблекувалната му кажав дека тој и понатаму мисли дека игра за Монако“ се пошегува капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва.

„Се шегувам секако, Килијан има одличен почеток, како и Кавани и Нејмар“, изјави Силва.

ПСЖ е лидер во Лига 1 и имаат девет бодови предност во однос на Лион и Монако, играат импресивно и вистинско чудо би било доколку не ја освојат титулата шампион на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…