Дома Фудбал Папата го прашаа дали навива за Реал Мадрид или Барселона, еве што одговори

Папата го прашаа дали навива за Реал Мадрид или Барселона, еве што одговори

Во недела, членовите на Реал Мадрид ќе имаат можност да гласаат на вонредните избори за претседател на клубот, први по долга пауза од 2006 година. Кандидатите на изборите се актуелниот претседател, 79-годишниот Флорентино Перез, кој се соочува со предизвикот од 37-годишниот Енрике Рикелме Вивес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Флорентино Перез, актуелниот лидер и главен фаворит на изборите, го искористи последниот предизборен митинг за да се справи со тврдењата на неговиот противник Рикелме. Посебно се осврна на изјавите дека Рикелме би го довел поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, доколку победи. “Енрике Рикелме тврдеше дека веќе има договорен тренер, но потоа неговиот агент го демантираше јавно”, изјави Перез.

Критиките кон противничката кампања не застанаа тука. „Има такви што без скрупули го користат дресот на Реал Мадрид за да измамат членови. Бевме сведоци на ширење на лажни информации и закани со правни постапки. Ова е нешто што секој член на Реал треба да го срами”, рече Перез.

Перез го поздрави и доаѓањето на новиот папа Лав XIV во Мадрид и го искористи моментот за да го претрка како поддршка за клубот. “Сакам да ви се заблагодарам за верноста и преданоста кон Реал Мадрид. Исто така, сакам да му посакам добредојде на папа Лав XIV во Мадрид. Денеска, за време на летот, тој изјави пред новинарите дека навива за Реал Мадрид. За нас тоа е голема чест и гордост. Добредојде во Мадрид, Свети Оче”, им порача тој на присутните.

Да потсетиме, за време на летот од Рим за Мадрид, папа Лав XIV беше запрашан од новинарите за кого би навивал – за Реал Мадрид или Барселона. Со насмевка, папата одговори: „Тоа е едноставно: Папата навива за сите тимови, но Роберт Превост навива за Реал Мадрид!”, што предизвика смеа кај присутните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлварез го одбил Атлетико, има само една желба?

Плановите на Арсенал за ангажман на големо летно засилување наидуваат на голема пречка. Ју…