Дома Фудбал Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Светското првенство уште не започнало, а француската репрезентација веќе е под лупа поради наводни недоразбирања меѓу играчите.

Главните актери на приказната се Килијан Мбапе и Н’голо Канте, откако еден детал од тунелот пред почетокот на пријателскиот натпревар против Брегот на Слоновата Коска предизвика силни реакции на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во тој натпревар Франција беше поразена со 2:1, но резултатот беше во сенка на снимката на која се гледа како резервите ги поздравуваат главните играчи пред излегувањето на теренот.

На видеото се гледа како Канте ги поздравува неколку своите колеги, но кога доаѓа до Мбапе, изгледа дека го игнорира. Токму така, ѕвездата на Реал Мадрид не покажува никаква реакција кон искусниот полузащитник.

Ситуацијата дополнително се заплетка со уште едно видео кое кружи на интернет, а некои корисници го поврзуваат со случка од порано за време на пријателскиот натпревар против Колумбија.

Според тврдењата што се појавија на социјалните мрежи, наводно Мбапе побарал од Черки да ја земе капитенската лента од Канте и да му ја предаде токму во моментот кога полузащитникот влегува во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата!

Колумбискиот фудбалер Џон Дуран следната година ќе игра како позајмен играч во редовите на…