
Баерн Минхен покажуваат сериозен интерес за десниот бек на ПСВ Ајндховен, Сержињо Дест, соопштува “Ајндховенс Дагбладет”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
25-годишниот дефанзивец се оценува на 25 милиони евра, но Барселона сè уште има клаузула според која ќе добијат 20 проценти од секоја идна трансфер сума за американскиот репрезентативец.
Дест е дел од холандскиот гигант од летото 2023 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2028 г. Во последната сезона, дефанзивецот постигна 3 гола и направи 8 асистенции во 38 натпревари, а неговите настапи го привлекоа интересот на баварците.