Дома Фудбал Реал Мадрид е подготвен да го сруши трансферниот рекорд за Олисе

Реал Мадрид е подготвен да го сруши трансферниот рекорд за Олисе

Реал Мадрид е подготвен да понуди астрономска понуда на Баерн Минхен за ѕвездата на баварците Мајкл Олисе, соопштуваат сè повеќе водечките спортски медиуми и новинари во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Излегува дека и покрај зборовите на Флорентино Перес, дека не го има предвид Олисе како играчот за кој подготвува понуда од 150 милиони евра по освојувањето на претседателските избори, токму францускиот крилен играч е најпосакуваниот од шефот на Реал Мадрид.

Причината за разликата помеѓу зборовите на Перес и неговите намери е што Флорентино не сакал јавно да го објави својот интерес за Олисе пред да стапи во контакт со раководството на Баерн.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо дополнително соопштува дека Флорентино Перес буквално се “зљубил” во Мајкл Олисе за време на 1/4-финалето од Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Реал Мадрид, при што баварците продолжија понатаму. Шефот на “лос бланкос” смета дека францускиот крилен играч би бил идеален за шемата на Жозе Мурињо и има намера да ги стави германците на испит со понуда од 150 милиони евра во вторник. Само португалецот, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, исто така инсистирал за доведување на Олисе.

Така, Реал е подготвен да го сруши својот трансферен рекорд во име на тоа да го привлече францускиот национал, кој направи брутална сезона со 22 голови и 31 асистенции во вкупно 52 натпревари за Баерн. Како што е познато, рекордниот трансфер на Реал Мадрид беше во 2023 година, кога од Борусија (Дортмунд) за 103 милиони евра беше доведен Џуд Белингем.

Меѓутоа, “Билд” објавува дека раководителите на Баерн немаат никаква намера да се разделат со Олисе. Шефовите на баварците се едногласни дека французинот е непродавлив, дури и за многу посериозна сума од 150 милиони евра. Баерн не е притиснат во никаков начин, бидејќи договорот на Олисе е до летото 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анди Робертсон веќе е играч на Тотенхем

Тотенхем потпиша со Ендрју Робертсон, официјално објавија од клубот. 32-годишниот одбранбе…