Дома Фудбал Влаховиќ „влегол во филм“ – бара плата од осум милиони, плус 30 милиони провизија

Влаховиќ „влегол во филм“ – бара плата од осум милиони, плус 30 милиони провизија

Душан Влаховиќ си заминува од Јувентус и тоа на навивачите на торинскиот тим не им беше толку тешко, особено откако слушнаа колку пари побарал за потписот на договорот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Соработката меѓу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и Јувентус заврши. По четири и пол години, Влаховиќ го напушта Торино и нема да биде запомнет како важен фактор во историјата на најголемиот италијански клуб.

Во Јувентус се обидоа да го задржат Србинов во своите редови. Му понудија продолжение на соработката за две години, но со значително намалување на платата, која во претходните години изнесуваше 12 милиони евра.

Понудата изнесуваше шест милиони евра нето плата, плус еден милион евра бонус. Меѓутоа, 26-годишникот ја одби оваа понуда и побара повеќе пари, со што ја запрепасти апсолутно сите.

Новинарот Мирко Ди Натале открива неверојатни детали од преговорите. Влаховиќ покрај платата од осум милиони евра побара дополнителни 30 милиони евра бруто како бонус и провизија за потписот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионот Интер стартува против Монца, Јувентус и Милан стартуваат на гостувања

Денес беше извлечен ждребот и стана позната програмата за новата сезона 2026/27 во Серија …