
Енрике Рикелме им вети на навивачите дека ќе го донесе Норвежанецот Ерлинг Халанд, но од Англија стаса остар одговор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити му се закани со правна постапка на кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, по неговите изјави за можниот трансфер на Ерлинг Халанд во редовите на кралскиот клуб.
Шпанскиот бизнисмен последните денови се наоѓа во центарот на јавноста поради претседателската кампања во Реал Мадрид, а токму Халанд стана еден од главните теми на неговите предизборни ветувања.
Рикелме за време на гостувањето во популарната шпанска емисија „Ел Ормигуеро“ предизвика големо внимание кога изјави дека ќе го доведе норвешкиот напаѓач ако биде избран за нов претседател на мадридскиот гигант.
Англискиот клуб наскоро издаде официјално соопштение каде категорично ја отфрли секоја можност за трансферот на Халанд во Реал Мадрид.
Од таборот на актуелниот првак на Англија порачаа дека информациите кои доаѓаат од Шпанија се целосно неточни.