Дома Фудбал Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции на најновото рангирање на ФИФА и сега го зазема 69. место на светската листа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На намалувањето на рејтингот влијаеја последните резултати на националниот тим, односно ремито без голови против БиХ и убедливиот пораз од Турција со 4-0. Тоа им овозможи на селекциите на Зеленортските Острови и Обединетите Арапски Емирати да ја минат Македонија на најновото рангирање.

Промени има и во самиот врв на светскиот фудбал. Светскиот шампион Аргентина повторно се искачи на првата позиција, оставајќи ги зад себе Шпанија и Франција. Шпанската репрезентација сега е второпласирана, додека Французите се на третото место.

Во првите десет селекции на светот се наоѓаат уште Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…