Дома Фудбал Омерагиќ со порака: „Големите“ нека учат од младинските финалиња (Фото)

Омерагиќ со порака: „Големите“ нека учат од младинските финалиња (Фото)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, по завршувањето на младинските финалиња во Купот на Македонија упати порака до фудбалските клубови, истакнувајќи дека токму младите играчи покажале како треба да изгледа вистинскиот спортски дух.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој им честиташе на сите екипи кои беа дел од финалните натпревари, нагласувајќи дека покрај фудбалските квалитети, младите фудбалери демонстрирале и почит, фер-плеј и достоинство на теренот.

„Во изминатите денови бевме сведоци на вредности кои се еднакво важни како и победата. Почитта кон противникот, спортскиот дух и фер-плејот беа во преден план. Младите фудбалери покажаа како се слави успех, но и како достоинствено се прифаќа поразот. Со шпалир за ривалот и со взаемно почитување испратија јасна порака дека фудбалот е многу повеќе од резултатот на семафорот“, истакна Омерагиќ.

Внимание привлече делот од порака со кој тој алудираше на случувањата во сениорскиот Куп на Македонија каде што Шкендија се однесуваше неспортски по поразот од Силекс.

„Верувам дека големите екипи имаат што да научат од нив. Понекогаш токму најмладите се тие што покажуваат како треба да изгледа фудбалот на теренот и надвор од него“, додаде претседателот на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците открија: „Бомбата“ на Перез од 150 милиони евра доаѓа од ПСЖ, еве за кого станува збор!

Приказната на денот е „бомбата“ која ја најави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Пе…