Дома Фудбал Арсенал и Манчестер Сити во трка за потписот на највредниот Италијанец во историјата

Арсенал и Манчестер Сити во трка за потписот на највредниот Италијанец во историјата

Англискиот шампион Арсенал наводно е заинтересиран за ангажман на Сандро Тонали, играчот од средниот ред на Њукасл Јунајтед, за кого интерес покажува и Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави нови информации поврзани со иднината на италијанскиот репрезентативец, кој е на радарот на неколку водечки клубови од Премиер лигата.

Арсенал зад себе има извонредна сезона во која тимот на Микел Артета ја освои титулата во Англија по пауза од 22 години. Иако минатата недела загуби во финалето на Лига на шампиони од Пари Сен Жермен по изведување пенали со 4:3, значителната заработка од натпреварувањето ќе му помогне на клубот во летниот преоден рок.

Според Романо, Арсенал ова лето планира да донесе најмалку три засилувања, а приоритети се крилен напаѓач, играч за врска и десен бек.

Во меѓувреме, Манчестер Сити исто така бара ново решение во средниот ред. Новинарот Дејвид Орнстин откри дека Нотингем Форест ја одбил понудата за својот играч Елиот Андерсон.

Поради тоа, Тонали се појавува како сериозна алтернатива за Манчестер Сити доколку не успее трансферот на Андерсон.

„Манчестер Сити ги продолжува преговорите за Елиот Андерсон откако првата понуда беше одбиена, но Нотингем Форест бара повеќе од 100 милиони евра. Според моите информации, Сандро Тонали е една од најреалните опции за Сити доколку договорот пропадне. За Тонали е заинтересиран и Арсенал“, напиша Романо на социјалната мрежа X.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси во „војна“ со Манчестер јунајтед и Астон вила за искусен напаѓач

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед водат голема борба за потписот на српскиот г…