Дома Фудбал Англија Челси во „војна“ со Манчестер јунајтед и Астон вила за искусен напаѓач

Челси во „војна“ со Манчестер јунајтед и Астон вила за искусен напаѓач

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед водат голема борба за потписот на српскиот голгетер Душан Влаховиќ, кој си заминува од Јувентус како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Британските медиуми пишуваат дека Челси има предност во битката за 26-годишниот напаѓач, кој минатата сезона одигра само 1.162 минути и постигна 10 голови и две асистенции.

Како трета опција за Влаховиќ е Астон вила, која не е задоволна со ангажманот на Тами Абрахам и поради тоа сака квалитетно решение за нападот.

Влаховиќ и претходно се поврзуваше со неколку премиерлигаши, но тогаш остана во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не доби можност во финалето, па му испрати поракa на селекторот за која цела Аргентина го критикува

Аргентина не успеа во финалето на Светското првенство, оставајќи ја титулата на селекција …