Дома Фудбал Слот останува во Англија – ќе тренира друг тим од Премиер лигата

Слот останува во Англија – ќе тренира друг тим од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, би можел многу брзо да се врати во Премиер лигата, откако пред само неколку дена се раздели со англискиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Слот го напушти Ливерпул на 30 мај, по сезона која не ги исполни очекувањата на клубот и навивачите, а веќе се појавуваат информации дека Холанѓанецот е во сериозни преговори за нов ангажман во англиската елита.

Според последните шпекулации од островските медиуми, најреална следна дестинација за него е Фулам, кој остана без тренер откако Марко Силва ја напушти клупата на лондонскиот клуб.

Фулам брзо започна потрага по нов предводник, а Слот наводно е меѓу главните кандидати поради неговото искуство, модерниот пристап кон играта и претходната работа во највисокото ниво на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…