Дома Фудбал Шок: Судиите му ја „украле“ титулата на Манчестер сити во Премиер лигата

Шок: Судиите му ја „украле“ титулата на Манчестер сити во Премиер лигата

Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и стави крај на долгото чекање за шампионскиот трофеј, но анализата на „Атлетик“ предизвика бурни реакции во англиската фудбалска јавност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според угледниот медиум, по детална ревизија на сите спорни судиски одлуки во текот на сезоната 2025/26, меѓу кои пенали, црвени картони и прекршоци што претходеле на голови, се дошло до заклучок дека Манчестер Сити требало да биде лидер на табелата пред последното коло.

Во анализата се наведува дека „граѓаните“ би имале предност од два бода во однос на Арсенал доколку клучните спорни ситуации биле правилно проценети.

Меѓу најзначајните моменти се издвојува градското дерби против Манчестер Јунајтед, каде што, според извештајот, Диого Далот требало да биде исклучен со директен црвен картон. Натпреварот заврши со победа на Јунајтед од 2-0.

Дополнително, во пресметката со Њукасл, Манчестер Сити останал без пенал за кој се смета дека требало да биде досуден. Тој натпревар заврши со триумф на Њукасл од 2-1, што дополнително влијаело врз конечниот изглед на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е планот на Керик: Првото засилување е познато, треба да пристигнат уште четворица

Манчестер Јунајтед ја заврши работата околу трансферот на играчот од средината на теренот …