Дома Фудбал Италија Се огласи и Монтела: Тешко е да се напушти Милан, но вината е моја!

Се огласи и Монтела: Тешко е да се напушти Милан, но вината е моја!

Винченцо Монтела денес и официјално беше сменет од кормилото на Милан после серијата на лоши резултати.

Милан во летниот преоден рок вложи 230 милиони евра во засилувања, но резултатите се под сите очекувања, па „Авиончето“ беше приземјено пред половина од сезоната.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Монтела јавно се огласи преку Инстаграм после отказот и призна дека вината е негова, го прифака отказот, но тешко му е да го напушти Милан.

„Да се напушти Милан ми паѓа многу тешко. Се обидов да дадам се за овој клуб, но ја прифаќам донесената одлука. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и играчите за убавите моменти кои ги поминавме заедно и се надевам дека Милан наскоро ќе биде на врвот, таму каде што припаѓа. Евидентно дека ве разочарав, но ќе продолжам да навивам за овие бои“, истакна Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алвес купува клуб и прво засилување ќе биде – самиот тој!

Отако жалбата на Дани Алвес беше прифатена девет месеци наназад, искористувајќи го тоа да …