
Њујорк Никс направија голем чекор кон освојување на првата НБА титула по повеќе од пет децении, откако во првиот натпревар од финалната серија ги совладаа Сан Антонио Спарс на гостински терен со резултат 105:95 и така веднаш ја одзедоа предноста на домашниот терен на ривалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Екипата од Њујорк уште еднаш покажа зошто стана најпријатното изненадување на овогодинешниот плеј-оф. Иако на средината од третата четвртина имаа заостаток од 14 поени (65:51), успеаја да се вратат во мечот, да го преземат водството и во завршницата целосно да го надмудрат домаќинот.
Херој на победата беше Џејлен Брансон, кој го заврши натпреварот со 30 поени. Лидерот на Никс немаше најдобра шутерска вечер, но токму кога беше најпотребно, презеде одговорност и со 13 поени во последната четвртина го трасираше патот на својот тим кон големиот брејк.