
Раководството на Милан сè повеќе го стеснува кругот на кандидати за нов тренер, а според последните информации во игра останале три имиња – Оливер Гласнер, Маурисио Покетино и Арне Слот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Австрискиот стратег во моментов важи за најсериозен кандидат. Во негова полза оди и фактот што Милан води разговори со Ралф Рангник за преземање значителен дел од спортските и организациските процеси во клубот.
Гласнер веќе имал состанок со претставниците на Милан, а според медиумските извештаи разговорите поминале во позитивна атмосфера. Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека средбата траела дури шест часа, при што биле разгледани бројни теми – од стилот на игра и спортската стратегија, до целосна реорганизација на спортскиот сектор.
Меѓу опциите останува и Арне Слот, кој се споменува како можен избор по неговото заминување од Ливерпул, додека Покетино не ги потврди, но ниту ги демантираше шпекулациите за интересот од Милан. Сепак, Аргентинецот во наредниот период го очекуваат сериозни обврски поврзани со претстојното Светско првенство.
Во наредните недели се очекува Милан да ја донесе конечната одлука за човекот кој ќе го предводи тимот во новата сезона.