
Интер ја набљудува ситуацијата околу дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини, чиј договор истекува следната година, објавува Џанлука Ди Марцио.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во случај италијанскиот репрезентативец да не се согласи за нов договор со сегашниот клуб, „нераѕурите“ се подготвени да преземат акција. Друга опција за нив е Умар Соле од Удинезе. Сепак, Николо Скира уверува дека многу скоро новиот договор меѓу Манчини и Рома ќе биде факт.
Дури и ги открива значајните детали во него: траење од 3+1 години и плата од 3,5 милиони евра по сезона. Покрај тоа, 30-годишниот дефанзивец се смета од страна на „жолтоцрвените“ за непродавлив. Алфредо Педула пак тврди дека играчот самиот преферира да остане на „Олимпико“, наместо да потпише со миланскиот клуб.
Меѓутоа, во Интер се подготвени да го вклучат својот млад играч Матео Коки во понудата кон Аталанта за десниот бек Марко Палестра. Причината е што тимот од Бергамо бара најмалку 50 милиони евра, додека почетната понуда на италијанскиот шампион била 40 милиони. Според Фабрицио Романо и Матео Морето, на „Џузепе Меаца“ ќе направат сѐ што можат за да го доведат 21-годишниот талент, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија „А“ за изминатата сезона.